ТРАГЕДИЈА: Пронајден е мртов човек со ампутирана нога како лежи на клупа пред прилепската болница


Ужасна глетка утрово ги пречекала пациентите и вработените во прилепската болница. Имено, утрово е пронајден мртов човек со ампутирана нога како лежи на клупа пред прилепската болница. Според некои информации, станува збор 51-годишниот прилепчанец Г.Д. кој претходно се лечел во прилепската болница, а кај прилепчани со “брзина на светлината” се шири веста (кoја сеуште официјално не е потврдена) дека починатото лице било исфрлено од оваа прилепска здравствена установа, после подолго лекување.
Телото е предадено на обдукција, од каде што треба да се утврди како, и зошто настанала смртта кај пронајденото починато лице.
















