Двајца прилепчани нападнале свој сограѓанин поради нерасчистени должничко-доверителски односи
Во денешниот билтен на настани (23.04.2025) МВР известува:
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(24) и Д.С.(21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда“.
На 05.04.2025 во Прилеп, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавените физички го нападнале С.С. од Прилеп.

















