Прилеп се покажа како одличен домаќин! Успешно заврши 14-тото издание на традиционалниот меѓународен турнир “Прилеп град херој-2024”
Успешно заврши 14-тото издание на традиционалниот меѓународен турнир “Прилеп град херој-2024”- Цевитана Куп во организација на Џудо клубот Сеишин – Прилеп.
На овој турнир настапија 30 клубови од 8 држави ( Грузија, Шкотска, Кипар, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Македонија) со околу 300 натпреварувачи. Турнирот го отвори Влатко Петкоски член на советот на општина Прилеп, а присутните ги поздрави Павле Бајчетиќ 8 дан од Нови Сад Србија. Натпреварите се одвиваа според сите технички услови на 4 борилишта каде членовите на судиската и натпреварувачката комисија беа на висина на својата задача.
Најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари на овој турнир беа:
Деца момчиња ( у11): ЏК Олимп Грузија;
Деца девојчиња ( у11): ЏК Сеишин Прилеп;
Помлади Пионери ( у13): ЏК Олимп Грузија;
Помлади Пионерки ( У13) : ЏК Ипон Пирот Србија;
Пионери (у15) : ЏК Олимп Грузија;
Пионери ( У15) : ЏК Илиополис АЦ Атина Грција;
Севкупен победник на Турнирот е ЏК Олимп Тбилиси Грузија.
Посебен придонес со својата посета на овој турнир дадоа специјалните гости и истакнати џудисти, своевремено шампиони, спортски работници и носители на највисоки одличја во џудо спортот од Р. Србија:
Павле Бајчетиќ 8 Дан;
Славко Станишиќ 8 дан актуелен и 5 кратен светски шампион за ветерани;
Љубомир Станишиќ 7 дан;
Павле Буљчик 3 дан;
Д-р Зоран Манчев;
Домаќинот ЏК – Сеишин-Прилеп е задоволен од целокупната организација и се заблагодарува на сите кои помогнаа за овогодинешната организација, на целиот тим за логистика и поддршка како и сите присутни гости, клубови, натпреварувачи и секако публиката.