МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈА НА СОНЦЕТО! Фигурина „Големата Мајка“стара 8.000 години е пронајдена на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“
На археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ е пронајдена фигурина „Големата Мајка“ која е стара околу 8.000 години.
“Ја имам можноста, да ја споделам со македонската јавност мојата голема возбуда од новото откритие на неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“,– фигурина „Големата Мајка“.
Новопронајдената фигурина, заедно со уште едeн сад, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија со својата уникатна ликовна интерпретација и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура.
Од голема важност е што новите наоди ни укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат, а тоа значи дека истражувањата продолжуваат.
Наша обврска и задоволство е да дадеме засилена поддршка на партнерскиот однос во грижата за локалитетот што речеси две децении заеднички ја негуваат Археолошкиот музеј и Општина Гази Баба, како успешен пример на соработка меѓу националните институции и локалната самоуправа.
Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и „Тумба Маџари“, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам”- истакна Министерот за култура Зоран Љутков.