И го масакрирале мртвото тело, ѝ ја отсекле главата, ја набиле на кол и така ја шетале низ селата за да го заплашат народот – На денешен ден е родена Невена Георгиева Дуња
На денешен ден е родена Невена Георгиева Дуња – 25 јули 1925 во Скопје.
Георгиева почнала со револуционерната дејност како членка на СКОЈ, за на 16 години да му се придружи на Првиот скопски партизански одред како еден од неговите први 12-мина припадници.
Покрај скопскиот, учествувала во формирањето на уште два партизански одреда, велешкиот и струмичкиот, одејќи пешки низ Македонија за да го мотивира народот да се придружи на борбата. Станувајќи непријател број еден за окупациски власти поради своите активности, тие во отсуство ја осудиле на седум години затвор, а нејзината глава ја уцениле на 4.000 лева.
