Разбиена мрежа од над 50 лица за корупција во здравствениот систем – Има и повеќе доктори!
БЈБ при МВР спроведува голема полициска операција низ повеќе градови низ Македонија, а истата е насочена кон сузбивање на корупцијата и организиран криминал во здравствениот систем. Неофицијално, разбиена е мрежа од над 50 лица за корупција во здравствениот систем, како што се доктори, член на комисија во ПИОМ, управител на консултантско биро…
Претреси се прават на повеќе места, меѓу кои и службените канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Повеќе информации во текот на денот.


















