ДРОГАТА Е СЕ ПОВЕЌЕ ПРИСУТНА ВО ПРИЛЕП: Уапсени се неколку лица!

Сподели го ова:


























На 14.10.2022 година во 19.00 часот на ул„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј. (40) од Скопје. Имено, при преглед во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Меѓутоа, ова не е единствениот ваков случај кој што се случил вчера.

Сличен таков случај имаме на 14.10.2022 во 21.50 час на ул„Карпалак“ во Прилеп, каде што полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. Врз основа на информациите, при претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Веднаш потоа тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Сподели го ова:

Слични објави