Претседателката Давкова ги повика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, попладнево ќе се сретне со членовите на Комисијата за помилување во „Вила Водно“, а оваа средба најверојатно е свикана по големите реакции кај народот околу лицата кои беа помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“
Колку за потсетување, Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група „Барон“, после еден ден откако беше помилуван повторно се најде зад решетки во затворот.
















