Спој од традиција, младост и убавина!! Слушнете ja “Заветана” во прекрасната изведба на учениците од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп и здружението “Преродба”

Сподели го ова:


























Врз основа на деновите кои ни претстојат, во училишниот двор од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, се случи совршен, вистински музички спој помеѓу младоста, искуството и традицијата. Имено, женскиот хор од ова прилепско училиште и здружението “Преродба” од Прилеп, направија спој на гласовите преточени во прекрасна изведба на Македонската песна “Заветна”.

По повод деновите што доаѓаат..светскиот ден на музиката и воедно распустот на нашите ученици…женскиот хор од нашето училиште и верните другари од здружението “Преродба”со уште една преработена македонска песна на сите ученици им посакуваат убави летни денови исполнети со радост,среќа и спокојство.

А ние…со нашиот хор остануваме на курсот на негување на старите македонски песни со надеж до година да препееме уште многу песни со многу нови членови…кој го води нашата наставничка по музика…ментор Маја Џопа” истака директорот на ООУ “Климент Охридски” – Прилeп, Ахил Јаков. Во прилог, слушнете ја “Заветана” во прекрасната изведба на учениците од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп и здружението “Преродба”




Сподели го ова:

Слични објави