ДОВЕРБАТА ПРЕД СЕ! Идната пратеничка наиде на широко отворени врати кај прилепчани
Вашата ПРВА, прилепска “инфо – станица” која непрекинато известува 24/7, денеска беше на терен во прилепската чаршија каде идната пратеничка Билјана Кузманоска оствари средби со сопствениците на дуќаните во прилепската чаршија. На средбите, главниот акцент беше ставен на проблемите кои идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реши во целост. Жените од ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле оној цврст столб на единството во самата партија, при што секогаш кога Македонија и ВМРО биле исправени пред сериозни тешки предизвици, никогаш не било доведено прашањето на која страна ќе бидат жените во оваа партија, бидејќи жените секогаш се на вистинската страна. Една таква вистинска лавица, е и кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Кузманоска, која благодарение на големата доверба која самата таа ја има помеѓу прилепчани, денеска наиде на широко отворени врати кај прилепчани.

“Прилепската чаршија знае кој е на вистинската страна и кој ќе ги донесе промените.
Македонија повторно твоја!!!
Број 2 за просперитетна, економски стабилна и развиена Република Македонија!” – истакна идната пратеничка од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Кузманоска.

















