ВЕЧНА ТИ СЛАВА: Младиот прилепчанец-донорот на органи, и после една година сеуште живее во срцата на прилепчани

Хари Нушев – младото прилепско момче пред една година беше донор на органите кои спасија неколку човечки животи. Имено, денес на новите прилепски гробишта ќе се изврши годишен помен, каде почит и беспрекорна благодарност ќе му искажат голем број на прилепчани.
Колку за потсетување, неговото храбро семејството пред една година донесе одлука да ги донира органите од својот близок, кај кој што беше потврдена мозочна cмрт.
По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива. Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат – истакнаа пред една година од Министерството за здравство.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХАРИ НУШЕВ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!