МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Јована Пејовска од ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп, на Меѓународниот фестивал на детска поезија во Бања Лука го освои високото трето место

На 18-тиот Меѓународен фестивал на детска поезија “Дечје царство” кој секоја година се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Јована Пејовска која е ученичка од деветто одделение во ООУ Гоце Делчев-Прилеп, под менторство на наставничката по Македонски јазик Весна Крстеска го освои ТРЕТОТО МЕСТО.
Нејзината лична творба “Додека шепотат пеперутките” беше избрана во конкуренција на 4500 лични творби на ученици од целиот Балкан и е објавена во “Зборник” издаден од организаторите на фестивалот.
Со поддршка на директорката од нашето училиште, Снежана Котева, на свечената манифестација Јована присуствуваше на 18 и 19 април. Ваквите успеси не се само лични, туку се успех на целото наше училиште и ентузијазмот и успехот на оваа наша поетеса треба да бидат поттик за сите нејзини соученици.