|

Вчера вечерта центарот на Прилеп гореше од квалитетна и добра музика – “The four” направија вистински спектакл

Сподели го ова:























Oчигледно е дека вчера вечерта, прилепчани уживаа во одличниот музички репертор кој што го изведуваат членовите на “The Four”. Вчера, центарот на Прилеп гореше од квалитетна и добра музика, благодарение на “The four” кои направија вистински спектакл.

После богатата музичка агенда со настапи ширум цела наша земја, прилепскиот, но сепак светски музички бенд “The Four” настапи во родниот Прилеп, односно на камената бина во центарот на Прилеп како дел од манифестацијата “Од нула до култура” .

Примарна цел на овој проект е да се влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина во едно случување од поголеми размери со обезбедување на повеќе средства во програмата.



Сподели го ова:

Слични објави