ПОГЛЕДНЕТЕ! Ова е одличен потег на ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” кој е од голем интерес за нивните ученици

Пред само три дена го испративме претпоследниот месец во годината, а токму баш Ноември е месецот на Борба против зависностите. Имено, ООУ Кире Гаврилоски – Јане го oдбележаа со поучна работилница која беше реализирана во нивното училиште.

Имено, учениците се запознаа со штетното влијание на цигарите, дрогата и алкохолот врз човековиот организам. Преку одлично реализираната работилница, учениците се запознаа и со можните животни ситуации до кои можат да ги доведат пороците, а воедно се дискутираше и за лавиринтот на животот исполнет со пороците.