ГАЛЕРИЈА: Секоја чест на Општина Прилеп-ЕВЕ ВАКА СЕ ОРГАНИЗИРА КАРНЕВАЛ

Сподели го ова:
















Секоја чест на Општина Прилеп-ЕВЕ ВАКА СЕ ОРГАНИЗИРА КАРНЕВАЛ, при што може да се констатира дека Прилеп после толку години конечно го врати оној вистински карневалски дух. Со повеќе од 500 учесници во групни маски од Македонија,  куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции започна карневалската магија во Прилеп “Прочка 2022“. Како што информираше Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” кое со локалната самоуправа го организира карневалот посочувајќи дека оваа година 20-тиот по ред Прилепски карневал е со републички карактер. Градоначалникот Борче Јовчески го отвори карневалот  велејќи дека :

Скромно, но сепак во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, со гордост денес го празнуваме празникот Прочка кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните. „Јас како градоначалник сакам пред сите вас во духот на нашата традиција да побарам прошка со цел да покажам дека сите сме луѓе пред се, без разлика на нашите функции и сите треба најпрвин да се почитуваме и да си простуваме. Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали а денес со гордост кажуваме дека карневалот „Прочка“ е еден од најпознатите и најголемите карневали во Република Македонија. Чест ми претставува што после пауза од 2 години ја продолжуваме традицијата за денес да славиме 20-ти карневал „Прочка 2022“. Ограничени од здраствените протоколи годинава имаме учесници само од Република Македонија, но цврсто веруваме дека догодина ќе го вратиме во целост сјајот на прилепскиот карневал Прочка“, истакна градоначалникот Јовчески. Маските се креативни- традиционални, современи, поединечни и групни. Почетокот на дефилето го означија мажоретките и секако мечкарите кои го имаат својот ритуал на бркање на злите духови. Од карневалската атмосфера беа воодушевени сите присутни и среќни зошто по пауза од две години Прилеп повторно го враќа духот на традицијата. Карневалот „Прочка 2022“ заврши со заедничка забава и концерт на групата ФОЛТИН на централната бина на плоштадот “Методија Андонов – Ченто“.







Сподели го ова:

Слични објави