Директорот Велјановски им додели Признанија на најдобрите читатели во НБ “Петре М. Андреевски”
Вчера во Домот на културата “Илинден” Демир Хисар беа доделени Признанијата за најдобри читатели во НБ “Петре М. Андреевски” за 2025 година.
На кафе средбата во пријатна атмосфера, со најдобрите читатели од 2025 година, директорот Славче Велјаноски сподели и размени впечатоци од прочитаните книги во годината која изминува, кои автори и дела беа најактуелни за читање, како и кои автори и дела би сакале да ги видат читателите на полиците во Д. Хисар во годината што ни доаѓа.

На крај од средбата директорот Велјаноски им посака на најдобрите читатели пред се здравје, успеси на личен и професионален план и уште многу прочитани книги во новата 2026 година.















