|

Тоше Проески на Рафит: “Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш на дождов”

Сподели го ова:


























Се сеќавате ли на приказната на Рафит која што приказна ја обиколи во 2012 година цела наша земја? Таа приказна-односно вистинската животна случка претставува уште еден доказ за големата добрина на Тоше Проески.

Пред само неколку години пред Тоше Проески да го напушти овој земен свет, една врнежлива ноќ Рафит продавал весници на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а покрај него поминал Тоше со неговиот автомобил, и веднаш откако го здогледал Рафит како стои на дождот и продава весници, Тоше веднаш застанал. Проески го прашал Рафит колку е неговата заработка во една вечер, при што Рафит му одговорил дека неговата заработка за една вечер се движела околу 150 денари. Откако Тоше Проески го слушнал ова, веднаш извадил од неговиот џеб 500 денари, му ги дал на продавачот Рафит при што му рекол:

„Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш“.

Веднаш после оваа случка, Проески редовно го посетувал Рафит и му носел топол чај во термос. Ретки се луѓето како Тоше, нели??




Сподели го ова:

Слични објави