Синоќа во Прилеп со концертот на Јелена Розга, заврши уште едно успешно издание на Пиво фестивалот

Сподели го ова:





























Со одлична атмосфера, прекрасни музички настапи и илјадници насмеани посетители, Прилеп успешно ја заокружи последната вечер од Пиво фестивалот! Изминатите денови уште еднаш потврдија дека Прилеп знае да биде домаќин на големи манифестации кои обединуваат, носат позитивна енергија и создаваат спомени што долго ќе се паметат.

“Искрена благодарност до сите посетители, изведувачи, организатори, спонзори, како и до сите служби кои со својата професионалност, посветеност и одговорност придонесоа фестивалот да помине беспрекорно, во најдобар ред и без ниту еден проблем.

Ви благодарам што и оваа година бевте дел од Пиво Фестивал Прилеп 2026!

Заедно создадовме уште едно незаборавно фестивалско издание и уште една прекрасна приказна за нашиот Прилеп.

Се гледаме повторно следната година!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави