Деновиве голема раздвиженост на Прилепчани

Сподели го ова:




Овие неколку убави топли денови сведоци на големата раздвиженост на прилепчани-(посебно вчера) која што раздвиженост беше најголема во прилепската чаршија и на градскиот плоштад. Прилепчани-желни за дружба и чаршиски муабети-се повеќе и повеќе, секојдневно излегуваат да се релаксираат на градскиот плоштад. Повторно се враќа оној ведар и насмеан дух помеѓу прилепчани, кои што самите тие, за нашиот и Ваш најактуелен интернет портал “stanica.mk”,  не ја кријат нивната желба за прошетка и чаршиски муабети. “Времето е убаво, а и ова со коронава помина-или се надеваме дека за брзо ќе помине. Недостасуваше овој чаршиски дух, разговорите и меѓусебната размена на информации помеѓу пријателите”-истакна еден наш соговорник. Додека пак друг помлад сограѓанин надополни дека: “Прилеп е жеден за дружба и добра забава, короната постепено исчезнува и време е да се вратиме на стариот живот, прилепската шема, забавата и навиките”. Отворените тераси на рестораните и кафичите, посебно деновиве беа преполни, при што прилепчани чекаа да дојдат на ред што побрзо да “фатат” некоја маса за своето друштво, да си помуабетат, како и да разменат мисли и сопствени ставови, пиејќи го своето кафе, со нови надежи и планови за една поубава иднина…





Сподели го ова:

Слични објави