ПОГЛЕДНЕТЕ!!! Додека ние врзуваме крај со крај, во Владата се јаде по ниски цени
Додека ние врзуваме крај со крај, во Владата се јаде по ниски цени. Имено, на социјалните мрежи се шири фотографија од менито на Владата каде што може да се заклучи дека во Владата се јаде по примамливи ниски цени. Имено на Facebook мрежата се огласи и крушевчанецот Стево Јанкулоски кој важи за високо квалитетен способен млад човек кој што постојано креира голем број на политики во интерес на младината во нашата земја. Еве што напиша Јанкулоски: “Додека ние врзуваме крај со крај, брашното го плаќаме 40 ден за кило, маслото 100 денари, млекото 60-70 денари, зелка 60 денари кило, краставици 150 денари за кило, копуциве во влада кркаат бифтек за 180 денари.Илјадници луѓе во Македонија денот го поминуваат со само еден оброк додека мангиве јадат телешко печење за 160 денари.Студентите јадат сусамка од пред три дена, загреана малку додека пичојве јадат гравче тавче за 45 денари. Цени поставени фиктивни колку да се кажи дека и тие плаќаат нешто.Qриња едни неизживеани, овие цени треба да бидат за луѓе кои живеат со социјална помош, лица со посебни потреби, лица со ниски приходи, самохрани родители, студенти.На здравје да ви е. Крв да ви се стори”-напиша Јанкулоски и ја сподели сликата со менито во Владата, слика која е во прилог на оваа објава.

