Денес се очекува да бидат предложени нови рестрикции за невакцинираните граѓани

Сподели го ова:


Денеска Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој се очекува како предлог да бидат предложени неколку нови рестрикции за невакцинираните граѓани во нашата земја затоа што според здравствените власти токму тие најмногу ги оптоваруваат болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека конкретни предлози од состанокот ќе бидат доставени до Владата. Во однос на ова, Филипче во ТВ гостување ја даде следнава изјава: Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравствениот систем, изјави Филипче





Сподели го ова:

Слични објави