Во Битола денес се одбележува значаен историски датум со две големи значења
По тој повод, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, делегација од Советот на општина Битола предводена од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата на плоштадот „Гоце Делчев”.

Градоначалникот Коњановски, уште еднаш го истакна значењето на овој голем ден како незаборав за минатото, но и како видлива европска иднина на нашата држава.
9 Мај во Битола се одбележува со повеќе културни и историски настани.

















