Младо момче со својот моторцикл излета од патот Градско-Прилеп

Сподели го ова:























На 21.04.2023 во 14.35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Прилеп кај превој Плетвар моторцикл “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(20) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.  



Сподели го ова:

Слични објави