Во центарот на Прилеп, возило удри во малолетничка!

Сподели го ова:























Вчера (07.12.2022) во 12:27 часот во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со булеварот „Гоце Делчев“, патничко возило од марката „цитроен берлинго“ кое било со прилепски регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп).

Возилото било управувано од страна на С.Т.(54) од Прилеп, и истото удрило во малолетничка од с.Мало Коњари која се здобила со тешки телесни повреди, кои биле веднаш констатирани во прилепската градска болница.



Сподели го ова:

Слични објави