ВАЖНА ВЕСТ: Најнова вечерна вест за сите ученици и родители!!!
Од утре започнува нова недела, меѓутоа и утре, просветните работници ќе штрајкуваат затоа што Владата не им излезе целосно во пресрет на нивните барања. Од СОНК се надеваат дека Владата ќе се освести на нивите барања, бидејќи без прифатлив предлог за СОНК, практично е невозможно да се прекине штрајкот.
Имено, Претседателот на СОНК Јаким Неделков, пред некој ден истакна: “Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството”-истакна Претседателот на СОНК-Јаким Неделков