ПОСТОИ ЛИ ОПАСНОСТ: Во Македонија потврден е нов случај на африканска чума  

Сподели го ова:


























Потврден е нов случај на африканска чума во Македонија, а АХВ за новиот случај на африканска чума веќе ги известила одгледувачите на свињи. Оваа болест е регистрирана во с. Моштица-општина Македонска Каменица, на една фарма со екстензивен начин на чување свињи.

На одгледувалиштето на свињи од страна на АХВ, спроведени се сите потребни мерки за уништување на овој вирус, а во тек е и спроведување на целосна епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот на африканската чума во оваа фарма.

За појавата на ова ново жариште на африканска чума, АХВ официјално известување упати до ОИЕ, како и до Европската комисија.




Сподели го ова:

Слични објави