Пожар! Рано утрово, вработени од “прилепски Црн Бор” се хеликоптер се спуштија на недостапен терен и го изгаснаа пожарот во прилепско
Рано утрово околу 7 часот екипа од ЈП “Македонски Шуми” од подружница “ЦРН БОР” од Прилеп и Ловно Друштво од Стровија, со хеликоптерот на МВР BELL 212 беа однесени на лице место затоа што пожарот беше доста високо и на недостапен терен!
За два часа, оваа екипа од земја на која од воздух и помагаше истиот хеликоптер целосно го застана и го елиминираше овој пожар!
Нашите екипи остануваат на терен се до доцна попладне за да ја следат состојбата да не дојде до повторно разгорување на истиот! Благодарност за тимот на МВР, благодарам за нашите вработени и за ловџиите од Стровија! Вака се работи и се сака МАКЕДОНИЈА! – порача зам.Генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов.


















