ВИДЕО: За прв пат во општина Прилеп се асфалтираат, санираат и се рехабилитираaт дел од најфреквентните улици во градот во зимски услови!

Сподели го ова:


























За прв пат во општина Прилеп, се асфалтираат, санираат и се рехабилитирaат дел од најфреквентните улици во градот, во зимски услови! Општина Прилеп во соработка со ЈКП ,,Водовод и Канализација”- Прилеп, деновиве работи на санација на ударните дупки и прокопи на улиците: ,,Пере Тошев”, ,,Егејска”, ,,Ладо Лапецот”, ,,Васко Карангелески”, ,,Александар Македонски” и други. Дека планираната активност на Општина Прилеп се спроведува според зацртаните планови, денеска на терен на лице место се уверија прилепскиот градоначалник Јовчески, Претседателот на Совет Дејан Проданоски како и Директорот на “прилепски водовод” Игор Гулабоски.

Ладниот асфалт кој денес започнуваме за прв пат да го користиме за потполнување на ударни дупки на сообраќајниците кои се приоритет според нивната фреквентност, ќе биде пракса и во иднина. Со оглед на тоа што во овој зимски период сеуште е рано за активирањето на асфалтните базни станици, ние се одлучивме на овој нов метод, се разбира исклучиво во интерес на нашите сограѓани и нивните барања, со цел подобрување на безбедноста во одвивањето на сообрајќајот во нашиот град истакна денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески

Во периодот кој што следи со самиот почеток на градежната сезона, Општина Прилеп во целост е подготвена за реализација на најавените проекти за оваа година.




Сподели го ова:

Слични објави