КОЈ САКА НЕКА ЧЕСТИТА: Министрите ќе се подноват со нови луксузни возила?
Македонската влада, наскоро ќе потроши 1,6 милиони евра за изнајмување на 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина од над 2.000 кубни метри. Ваквата одлука предизвика негодувања и реакции во јавноста, особено што народот се соочува со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби, објави Телма.