ПРОДАНОСКИ: Доколку не биде постапено по моето барање постапката за докажување на вистината ќе ја продолжам на суд!

Сподели го ова:


























Почитувани,

Сакам да ве известам дека во текот на вчерашниот ден, на порталот infomax.mk и емисија на нивниот youtube канал беше направен обид да се наштети на мојот углед и чест преку изнесување крајно невистинити клевети и лаги. Ваков обид е направен и претходно од уште еден прилепски новинар.

Одговорност за вака изнесените лаги и клевети ќе има!

Во интерес на вистината, денес испратив барање за јавно извинување и демант согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, па доколку не биде постапено по моето барање постапката за докажување на вистината ќе ја продолжам на суд! Навистина е жално користејќи некаква слика објавена на фб профил од друго лице и некакви слики кои немаат допирна точка со реалноста, да се прави ваков мизерен обид за мое оцрнување.

Ваквите веќе видени и познати методи кои не се ништо друго освен израз на немоќ и слабост, не поминуваат повеќе кај граѓаните!

Стравот кај СДС е голем затоа што ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе излезе како двоен победник на претстојните избори.

Продолжуваме и понатаму да работиме одговорно, чесно и транспарентно во интерес на сите граѓани – истакна претседателот на Совет и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Прилеп, Дејан Проданоски.

https://www.facebook.com/share/p/Uss4NywPaRuewFNz/?mibextid=qi2Omg



Сподели го ова:

Слични објави