Дали прилепската болница има обезбедено мазут во овој момент, или и понатаму продолжува трендот на затоплување со разни грејни тела?-прашуваат од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Сподели го ова:


Дали прилепската болница има обезбедено мазут во овој момент, или и понатаму продолжува трендот на затоплување со разни грејни тела?-прашуваат од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Имено, нивното соопштение Ви го пренесуваме во целост: “Пред извесно време сведоци бевме на една поразителна ситуација, кога прилепската болница се соочи со огромен проблем при обезбедувањето на мазут, па така вината беше префрлана од една на друга страна. Граѓаните кои ги користеа услугите на болницата, беа оставени на милост и немилост и се затоплуваа со разно разни грејни тела, клими, греалки и слично.Иако тогаш како Општински комитет поставивме низа прашања, не добивме конкретни одговори.Од медиумите пред неколку дена дознавме дека од болницата пристапиле кон брза постапка за која добиле согласност од Бирото за јавни набавки, која постапка е завршена со цел да може да се направи порачката на мазут и да се испорачаат потребните количини, како би се обезбедиле 18 тони мазут.Прашуваме: Дали прилепската болница има обезбедено мазут во овој момент, или и понатаму продолжува трендот на затоплување со разни грејни тела? Дали и овој пат можеби доцни испораката на потребните количини мазут и со тоа повторно болницата е ставена во незавидна состојба во овие студени денови? Ако минатиот пат вината беше во добавувачот, во кој ли лежи вината сега? Исто така прашуваме, дали болницата има распишано тендер за одржување и сервисирање на клима уреди? Aко се има предвид фактот дека претходно во недостиг на мазут, клима уредите се користеа за затоплување на просториите, јавноста заслужува одговор и на ова прашање.Почитувани, со секој изминат ден граѓаните се повеќе и повеќе ги чувствуваат погубните политики на централната власт. Започнатиот тренд на лошо владеење уште од времето на Зоран Заев, за жал продолжува. Затоа се потребни предвремени избори. Институциите мора да бидат сервис на граѓаните!”-истакнуваат од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп





Сподели го ова:

Слични објави