Општина Прилеп започна со акција: Тротоарите ги враќаме на пешаците!

Сподели го ова:





























Тротоарите се наменети за безбедно и непречено движење на пешаците, а не за паркирање на возила!

По одржаниот координиран состанок помеѓу градоначалникот на општина Прилеп, претседателката на Советот, ЈП за ПУП и претставници на ОВР Прилеп, од 24 март Општина Прилеп започнува со една недела само со известување до возачите, а потоа ќе следуваат и соодветно пропишаните санкции за сите непрописно паркирани возила на тротоарите каде што нема обележан паркинг простор и на пешачките зони.

🔹 Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет!

🔹 Да ги почитуваме правилата за поуреден и безбеден Прилеп!

Апелираме до сите возачи да покажат свесност и одговорност.

Тротоарите се за пешачење – не за паркирање!- истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави