Вработените во ЈП “Национални шуми” задоволни од одлуката да им се исплати К-15 оддеднаш – и тоа за три години!!

Сподели го ова:





























Постепено, но сепак стабилно и сигурно според однапред утврден план за развој, ЈП “Национални шуми” се враќа на вистинскиот пат. Имено, во почетокот на овој месец, ЈП “Национални шуми” со синдикатот на КСС – СО на работниците во шумарството, потпишаа спогодба за исплата на регрес за годишен одмор (К-15) за: 2023, 2024 и 2025 гoдина, а веќе од наредниот месец k-15 ќе добијат сите вработени од подружниците.

Очигледно е дека новото раководство умее и знае како да ги реши проблемите кои ги наследи од претходната власт, а доказ за сето ова не е само исплатата на к-15 оддеднаш за три години, туку и исплатата на трите заостанати плати кои беа веднаш исплатени со доаѓањето на новата Влада и новото раководство кое се бори со проблемите од минатото, но сепак цврсто работи на конкретни решенија за подобра иднина на ова Јавно Претпријатие.




Сподели го ова:

Слични објави