Бугарската православна црква го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ
Врз основа на бугарските медиуми, Светиот синод на БПЦ на својата редовна седница, со која претседавал бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“.
Врз основа на тамошните бугарски медиуми, бугарскиот патријарх Неофит во своите дописи на Божик, ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, затоа што Бугарската Православна Црква „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“.