ЧАРШИЈАТА ПРАЗНА: Утринските сончеви зраци единствени посетители во прилепската чаршија


Денешниов сончев неделен ден, наместо да предизвика голем дел од прилепските граѓани своето слободно време (како во поранешните времињата) да го искористат шетајќи спокојно по прилепската чаршија и да уживаат во зеленилото во прилепските паркови, создаде сосема спротивна ситуација.
Утрово, утринските сончеви зраци (заедно со само уште еден случаен минувач) беа единствени посетители во прилепската чаршија, кои што како “нем сведок” потсетуваа на времето кога прилепчани секое слободно неделно утро (посебно пензионерите), го користеа да разменат чаршиски муабет со своите сограѓани, да се видат, да се поздрават, да поседат и одморат на клупите уживајќи во пријатното време…
Каде изчезнаа тие времиња? Тоа беа времиња каде што мирисот на топлото есенско сонце ги “мамеше” нашите сограѓани да излезат во центарот на Прилеп и да уживаат во пријатно есенско време, време кое создаваше спомени, кои кај нас – постарите генерации траат и до ден денес. Нели?


















