Денес започна традиционалниот детски фудбалски турнир – Прилеп Куп 2025
Во организација на Фудбалската школа Тони, која оваа година гордо одбележува 25 години постоење, уште еднаш Прилеп го отвора срцето за младите фудбалски надежи и спортскиот дух.
По тој повод, денес започна традиционалниот детски фудбалски турнир – Прилеп Куп 2025, кој веќе стана симбол на енергијата, другарството и љубовта кон спортот во нашиот град.
















