Чонески: Општина Крушево ќе продолжи да инвестира во инфраструктурни и едукативни проекти со цел да обезбедиме сигурни и безбедни патишта за сите
Денескa, крушевскиот градоначалник Нико Чонески, учествуваше на Националната конференција за сообраќајна безбедност во локалната самоуправа, каде заедно со градоначалниците од целата држава ја потпиша Декларацијата за безбедност на патиштата.

Со потпишувањето ја потврдуваме нашата заложба да работиме на унапредување на безбедноста на патиштата, да создадеме подобри услови за сите учесници во сообраќајот, да воведеме мерки што ќе придонесат за намалување на бројот на несреќи и да ја зголемиме свесноста кај граѓаните за важноста на сообраќајната култура. Безбедноста е заедничка обврска. Општина Крушево ќе продолжи да инвестира во инфраструктурни и едукативни проекти со цел да обезбедиме сигурни и безбедни патишта за сите – порача Чонески.
















