Проданоски: Нашата цел е јасна, создаваме град со современа и безбедна инфраструктура, каде што сообраќајот не претставува ризик, туку ред и сигурност за сите граѓани
Денеска, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски учествуваше на Националната конференција за „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, која се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
“Заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓеорѓиевски, претседателот на РСБСП Горан Ангеловски и градоначалниците од целата држава, дискутиравме за заедничките политики и чекори кои треба да ги преземеме за создавање побезбедни локални средини. Како градоначалник на Општина Прилеп ја потпишав Декларацијата за безбедност во сообраќајот, со која се обврзуваме на модернизација на раскрсниците и локалните патишта, обезбедување безбедни услови за пешаците, велосипедистите и сите учесници во сообраќајот, идентификација и намалување на „црните точки“ и вградување на безбедносни стандарди во урбанистичкото планирање и новите проекти.
Нашата цел е јасна, создаваме град со современа и безбедна инфраструктура, каде што сообраќајот не претставува ризик, туку ред и сигурност за сите граѓани. Продолжуваме решително и одговорно да работиме на проекти кои ќе ја подобрат сообраќајната култура, инфраструктурата и безбедноста во Прилеп”. Безбедноста е наша заедничка обврска, а секој заштитен живот претставува најголема вредност. – истакна градоначалникот Проданоски.
















