СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Во Прилеп, младо момче возејќи мопед се судри со автомобил 

Сподели го ова:























На 22.06.2023 во 22.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Ацев“ и ул„Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“, управуван од П.И.(19) од Прилеп и патничко возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.С.(40) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.И., додека со телесни повреди се здобиле А.П.(18) од Прилеп, сопатник на мотоциклот, возачот О.С. и неговиот сопатник С.С.(27) од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.



Сподели го ова:

Слични објави