Погледнете! Ова се новите 22 доктори кои ќе работат во службите на прилепската болница

Сподели го ова:






























Засилување на медицинскиот тим – Нови 22 доктори во службите на Болницата „Борка Талески“ – Прилеп. Од денес прилепската болница е засилена со 21 нов доктор по општа медицина и еден доктор по стоматологија.

Новопримените доктори, млади професионалци со свежа енергија и силна посветеност кон медицинската пракса, ќе бидат распределени во различни служби согласно потребите на установата. Нивното приклучување ќе овозможи поквалитетна, побрза и подостапна здравствена грижа, како и дополнително растеретување на постојниот медицински кадар. Нашата болница продолжува да инвестира во развојот на човечките ресурси, знаењето и професионализмот, со цел континуирано подобрување на здравствените услуги и обезбедување високи стандарди во третманот на пациентите. На новите колеги им посакуваме успешна работа, професионални успеси и заеднички придонес кон здравјето на нашите сограѓани” – порачаа од прилепската болница.🤍




Сподели го ова:

Слични објави