Честит празник Македонци!!!

Сподели го ова:




Овој светол празник се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација, која што била основана во Солун  на 23 октомври 1893 година, поточно во домот на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов. Во неговата куќа се собрале шест лица се со цел за да ги стават основите на сето она кое што ќе постане знаме и симбол на борбите на Македонците за слобода. Како основоположници на Македонската револуционерна организација биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџи Николов. Сите овие шест лица-борци за Македонија, ја основаат конспиративна група “македонски револуционерен комитет”.

Македонската револуционерна организација се борела со сопствени сили за ослободување на Македонија, без помош од надвор. Самото создавање  претставувало конкретно отпочнување на организираното македонско револуционерно движење кое што преку Илинден 1903 и Крушевската Република а потоа преку НОБ, резултирало преку создавање на една современа самостојна македонска држава. Ваквиот денешен датум целосно се поврзува со онаа макотрпна организирана борба на македонскиот народ  и народите кои живееле во Македонија за формирање на една независна држава. Самата борба за автономија претставувала формирање на една самостојна држава, при што врз основа на тоа 23 октомври денеска симболизира еден континуитет на Македонската борба за независност. Честит празник земјо наша мила!!!





Сподели го ова:

Слични објави