Убава вест! Повеќе училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи
Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра – информираат од МОН.
Задоволна сум од сработеното и најавувам дека продолжуваме со исто силно темпо, максимално посветени кон учениците, студентите, наставниците, професорите, исто како и во првите 3 месеци. Отпочнати се крупни промени и им благодарам на сите кои учествуваат во нивното креирање и имплементирање. Имаме идентична цел и ќе продолжиме да градиме поквалитетно образование, за подобра иднина на младите во својата земја – ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
