Внимавајте како возите! Намалена видливост поради магла на Плетвар, Стража, Маврово и Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м., Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20 метри.