ВЕСНА БЕЈБИ: “14 години без тебе и пак врне”

Сподели го ова:




Тоше и Весна Бејби Петрушевска беа многу добри другари и пријатели, а воедно последното интервју на Тоше беше во емисијата на Весна Бејби “Вртелешка”-кое што Тоше го даде само пред околу 8 часа пред нашиот ангел да го напушти овој свет. Бејби, денес преку емотивен статус ја сподели болката која што самата таа ја чувствува и после 14 години од смртта на нашиот Тоше Проески-еве што таа напиша: “14 години без тебе и пак врне….се сетив на оваа приказна кога се договаравме што би можеле да отпеете заедно со Бени…се врати од Сараево (имаше магла па одложувавме снимање) ама сакаше клавир и донесовме…во оваа емисија највеќе пееше…мене ми е особено драга оваа изведба од милион тајни причини-како да беше вчера да беше-те сакам до небото и назад”-напиша Весна Бејби на својата објава која што беше проследена со голем број на срца, упатени кон нејзиниот Тоше, човекот кој што преку својата способност, со помош на Бог знаеше да не обедини сите. Веднаш под оваа објава Весна Бејби сподели и снимка од едно од гостувањата на Тоше во нејзината емисија, каде што Тоше заедно со Бени Шакири ја пеат песната “Тајна вештина” од Џибони (погледнете во прилог). Сликата за оваа објава е превземена од Facebоok страната на нашата една и единствена Весна Бејби Петрушевска.





Сподели го ова:

Слични објави