Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува атакот и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Велес, ја одржа својата редовна седница на која што се дискутираше за актуелните – политички случувања во нашата земја. На оваа седница беа донесени следниве два заклучоци:
1. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува атакот и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески изразен преку палење на неговиот автомобил, како и палењето на автомобилот на началничката на секторот за урбанизам во општина Прилеп.
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара подитно да бидат изведени пред лицето на правдата не само сторителите туку и организаторите на тој дрзок и криминален чин, а кои се наоѓаат во врвот на власт, да не се замајува јавноста со периферни ликови кои треба да служат за алиби и одолговлекување на вниманието од вистинските сторители и инспиратори.
2. Централниот Комитет дава целосна и силна поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во нивната одлука да се спротистават на Уставните измени како еден од најзначајните механизми на спречување на процесот на идентитетско обезличување и асимилација кои ги прифати антимакедонска власт на предавникот Ковачевски- се истакнува во партиското соопштение.