Со забрзано темпо се гради автопатот Прилеп-Битола
Денеска, премиерот Мицкоски заедно со неговиот тим и прилепските пратеници, извршија надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Исклучително сум задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира.
Очекуваме до 2027 година да биде завршен – порача премиерот Христијан Мицкоски.
















