ВИДЕО: Во чест на ангелите од Кочани, ООУ “Климент Охридски” – Прилеп со одличен перформанс кој ќе ве остави без здив!

Сподели го ова:





























Има болки за кои нема зборови и празнини кои ниедна тишина не може да ги пополни. Денес, со тешки срца, но со бескрајна љубов, директорот, наставниците и учениците од ООУ Климент Охридски од Прилеп се организираа да им оддадат почит на оние кои прерано станаа ѕвезди на небото — нашите ангели од Кочани.

“Нашите ученици и наставници низ солзи и тивок копнеж подготвија перформанс во чест на децата кои беа светлина во овој свет, а чии животи згаснаа во таа ноќ, оставајќи зад себе само спомени кои печат.

Овој перформанс е наш крик против заборавот:

Тие не беа само деца на Кочани, тие се деца на сите нас. Нивната невиност е наш аманет — да бидеме подобри луѓе, да се чуваме едни со други и никогаш да не дозволиме нивните имиња да избледат” – истакнаа од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.

Перформансот е направен во чест на прерано заминатите ангели од Кочани со 1000 ученици и наставници од Основното училиште “Климент Охридски” Прилеп.

Ова одлично емотивно видео може да го погледнете на следниот линк:https://www.facebook.com/reel/1914177579203680

Видеото го изработи: Fan Produkcija-Zoran Pilata




Сподели го ова:

Слични објави