БОГ ДА ГИ БЛАГОСЛОВИ: Во Прилеп 20-тина верници ќе влезат во ледените осветени води утре на Водици
Како што објавивме во нашите објави пред една недела, големиот празник Богојавление – Водици оваа година во Прилеп традиционално ќе се одбележи со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места, а главниот настан во Прилеп ќе се случи во малиот базнет во црквата св. Благовештение во Прилеп.
Утрото на 19.01.2023 година во 09-30 во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите и свечената божествена литургија, симболично ќе се фрли светиот крст во дворот на црквата во постоечката црковна фонтана. Во Прилеп 20-тина верници ќе влезат по крстот во ледените осветени води утре на Водици.
Во духот на православната христијанска вера и традиција да го дочекаме големиот христијански празник Водици, со желба да останеме со позитивна мисла и верба во Бога.