ХОРОР: Сакал да ги запали вработените во станицата за технички преглед
Денеска МВР го приведе И. Р. (44) од гостиварското село Градец, кој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрвин со бензин полеал еден од вработените, а потоа го полеал и своето моторно возило, при што веднаш потоа зел запалка.
Врз основа на пријавеното, И. Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во својата намера да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица кои биле присутни во објектот.
Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.