“БАПАЛ Благој ДООЕЛ” на вработените во Прилеп им нема пуштено плата за два месеци!!
БАПАЛ Благој ДООЕЛ е компанија која во глобала се занимава со одржување на деловни и станбени простории, односно на услуги поврзани со хигиена. Како што истакнуваат на нивната страна, со текот на светските трендови БАПАЛ Благој ДООЕЛ се трансформира во Facility Management Solutions – FMS.
Меѓутоа, оваа компанија на нејзините вработени кои работат во ЕВН во Прилеп, им нема пуштено плата за август и септември, а истите продолжуваат со работа и ги извршуваат работните задачи во ЕВН-Прилеп и во овој тековен месец октомври, а немаат земено плата за цели два месеци.
Два месеци ни немаат пуштено плата, ѕвониме во Скопје на телефонот кој го имаме од Бапал, меѓутоа не ни креваат на телефон, бидејќи знаат за што ги бараме…Два месеци немаме земено плата- а еве започна и трет месец- истакнува вработената во Бапал која своите работни обврски ги извршува во ЕВН-Прилеп.
Нема повеќе што да се чека, а и плус не е професионално од нашите директори од Бапал-Скопје. Наши колешки и од другите градови се жалат дека немаат и тие земено плата- вака не е убаво и хумано – да ги прашаме нив како ќе им биде да немаат ниту денар во џебот цели два месеци. Искрено доколку продолжи ваквата ситуација и доколку не се пуштат двете плати до четврток, ние ќе постапиме поинаку– нагласи вработена на Бапал.
















